Пијан турист од Полска приведен во Охрид: Правел хаос во угостителски објект
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 05:10 часот привеле 21-годишен државјанин на Полска на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Т.Н. бил приведен откако претходно, под дејство на алкохол, во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Од МВР информираат дека




