Заврши протестот во Скопје: Свеќи за жртвите во Кочани, свирежи за системот
Од плоштадот Македонија, во центарот на Скопје, до зградата на Владата, вечерва се одржа граѓански протест под мотото „Системот е следен“, на кој беше побарана одговорност за трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, ноќта меѓу 15 и 16 март, загинаа 59 млади луѓе, а над 150 беа повредени. Дел од повредените се лекуваат во Клиничкиот