Трагедија во Тетово: Во пожар во куќа загина едно лице
На 11.03.2026 во 08:56 часот во СВР Тетово, од Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавено дека на ул.„Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа. Пожарот е локализиран, по што е забележано дека во внатрешноста има едно починато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




