Делови од Топанско Поле утре без вода
Од скопски Водовод известуваат дека утре (четврток) поради уличен дефект ф-250мм на ул. Џон Кенеди бб (пред пензионерскиот дом), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Топанско Поле-висока зона. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.