50 години соло кариера на Влатко Стефановски! Ќе бидат изложени фотографии во Загреб
Во просториите на Македонскиот културен центар во Загреб, во среда, на 3 јули со почеток од 19 часот, ќе биде отворена изложбата The Vlatko Stefanovski Experience, посветена на значајниот јубилеј – 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од концертни фотографии кои ги документираат различните фази од солистичката