По бегството преку прозорец од полициска станица во Кочани, Александар Лазаров Цуна осуден на две и пол години затвор
Александар Лазаров, познат во јавноста по прекарот Цуна, е осуден на две години и шест месеци затвор, откако ја признал вината за кривично дело поврзано со наркотични дроги. Пресудата ја донел Основниот суд во Кочани, а ја изрекла судијката Катерина Цоневска, која при одредувањето на казната ги зела предвид сите олеснителни и отежнувачки околности






