Тивката архитектура на безбедноста во здравството
Довербата во здравството најчесто се забележува дури тогаш кога ќе биде доведена во прашање. Во здравството, големите теми ретко се најавуваат со големи зборови. Почесто се појавуваат тивко — како прашање што останува да одѕвонува и по завршувањето на работниот ден. Такво беше и прашањето што ми го постави една колешка – лекар: зошто маската не се


