Голема победа за Баерн на „Сантијаго Бернабеу“
Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Реал во Мадрид со 2:1 (1:0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Секако, реваншот на „Алијанц Арена“ за осум дена нема да биде само формалност, но факт е дека Баварците направија голем чекор кон ново полуфинале. Тешко е да се избројат колку одлични можности имаше на овој натпревар. Веќе






