Конечно решение за „црната сообраќајна точка“ во Аеродром: Профункционираа семафорите на крстосницата на „Васко Карангелевски“
Од Јавното претпријатие Улици и патишта-Скопје известија дека пуштени се во нормална работа семафорите на крстосницата меѓу улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски” во скопски Аеродром. Оваа локација долго време се сметаше за „црна сообраќајна точка“, а жителите од овој дел на општина Аеродром повеќепати бараа ревидирање на сообраќајното решение

