Снимка стара 10 години стана актуелна на интернет, Клинтон за Трамп: Ќе видиме дали марионетата на Путин ќе продолжи да игра како што тој свири
Видео-исечок од дебата за време на претседателската кампања во 2016 година, меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп, брзо се шири на социјалните мрежи. Исечокот на Фејсбук го сподели самата поранешна државна секретарка на САД и претседателска кандидатка. За кратко време, видеото собра речиси 50.000 допаѓања, над 7.000 споделувања и четири илјади коментари



