„Еволуцијата на распадот“ ја отвора неделата на независниот театар во Драмски
Претставата „Еволуцијата на распадот“ во режија на Дамјан Димовски, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар во Скопје. Претставата е прва од петте што ќе бидат изведени како дел од посветата на независната сцена во Драмски. Работена е според „Отело“ на Вилијам Шекспир, а во продукција на „Артема – театарска лабораторија“