Македонски репрезентативец потпиша со Панатинаикос
Дваесет и четири годишниот центарфор Елмин Растодер е нов играч на грчки Панатинаикос. Фудбалерот роден во Швајцарија кој веќе има 9 настапи за Македонија, беше најдобар играч во швајцарската лига изминатата сезона и со 15 гола и 6 асистенции беше најзаслужен за сензационалната титула на Тун. Вредноста на Растодер според Трансфермаркт е 4 милиони евра



