Речиси 11 милијарди евра во банките – еве колку чуваат граѓаните, а колку фирмите
Граѓаните и компаниите во текот на јуни дополнително ги зголемиле своите заштеди во банките, при што вкупните депозити достигнале 10,98 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Само во текот на јуни депозитите се зголемиле за 224 милиони евра, што претставува месечен раст од 2,1 проценти, додека на годишно ниво растот изнесува






