Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“: Нема плажа, нема скара, сите излегуваат да гласаат
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео порака во која ги повика поддржувачите на неговата партија Ликуд да излезат на гласачките места. Во исто време, тој предупреди на, како што тврди, масовен егзодус на арапските гласачи на југот од земјата, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ги украдат изборите.







