Со изјава на матичен лекар секој ќе може да биде ДАРИТЕЛ на ОРГАН, вели предлог-законот за органодарителство
Граѓаните ќе можат кај својот матичен лекар да потпишат изјава за согласност за органдарителство, е една од измените на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, кој од денес е достапен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Од Министерството за здравство








