Трамп призна дека користи шминка: „Ставам многу малку и тоа го правам сам“
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека користи шминка, но нагласи дека ја нанесува во мали количества и дека тоа го прави сам, пренесе денеска „Фокс њуз“. Трамп ова го изјави синоќа на предизборен митинг во Далтон, во сојузната држава Џорџија, додека го исмеваше демократскиот сенатор Џон Ософ, тврдејќи дека тој троши многу повеќе пари на






