Висла е нов предизвик: Вардар пред полни трибини ја посакува првата победа во ЛШ
Вардар вечерва го очекува нов голем европски предизвик. Во рамките на третото коло од Лигата на шампионите, „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекуваат полската Висла Плоцк, а натпреварот започнува во 20:45 часот. Македонскиот првак во првите две кола забележа два минимални порази – 31:33 на гостувањето кај Мелсунген и 32:33 дома против Нант








