Во и пред „Јане Сандански“ се виде како треба и како не треба, ракометот е гордоста на македонскиот спорт
Спортскиот центар „Јане Сандански“ беше во центарот на вниманието на спортската јавност кај нас викендов, поради ракометното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер на кое поради атмосферата ни завидуваат и странците. За жал, викендов пред салата прво се случи и нешто грдо, за среќа еден ден потоа покажавме дека знаеме и да уживаме во спортот. Навивачите










