Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во првиот квартал
Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2025 година се движела од 26.800 до 31.099 денари или просечно 28.966,38 денари за една акција, информираат од таму.