Двајца пожарникари загинаа во голем пожар на Крит
Двајца пожарникари загинаа во голем шумски пожар, кој избувна попладнево на југот на Крит, во областа Ретимно. Според првичните информации, двајца припадници на противпожарната служба биле заробени во возило во близина на градот Сахтурија, каде што подоцна биле пронајдени мртви. Една од жртвите била професионален пожарникар со пет години стаж, додека










