„Оревокршачка“ вечерва ја освојува сцената на НОБ
Балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски вечерва ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата почнува во 20 часот и носи уште едно поставување на едно од најпознатите дела од класичниот балетски репертоар. Со претставата ќе диригира Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата и либретото ги потпишува Саша Евтимова






