Денеска нашиот легендарен тапанар Гарабет Тавитјан слави роденден!
Денес, роденденот го прославува Гарабет Тавитјан-Гаро, еден од најистакнатите музичари во нашата земја, тапанар и композитор. Со својата визија, виртуозност и бескрајна љубов кон музиката, тој остави длабока трага на домашната и меѓународната музичка сцена веќе повеќе од пет децении. Роден во Скопје во 1953 година, Гаро од мали нозе го покажува своето






