Уште четворица осомничени во предметот за ФФМ обезбедени, за еден одреден притвор
Во рамки на истрагата за случајот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), обезбедени се уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот. Двајца од осомничените денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едно лице е определена мерка притвор, додека за вториот осомничен се изречени мерки за обезбедување










