Украина првпат нападна со ракети „Фламинго“: експлозии во рускиот Орел
Во рускиот град Орел утринава одекнаа повеќе експлозии поради украински напад со далекуметни крстосувачки ракети „Фламинго“, што е нивна прва потврдена борбена употреба. Украинскиот Генералштаб соопшти дека биле изведени координирани удари врз неколку десетици руски воени и логистички цели на руска територија и на окупираните украински подрачја. На







