Страшен пожар во хотел во Њу Делхи, загина најмалку 21 лице – луѓе скокаат за да се спасат
Најмалку 21 лице загина во пожар во хотел во Њу Делхи во средата, соопшти полицијата, во еден од најлошите вакви инциденти во главниот град во последните години. Хотелот се наоѓа во Малвија Нагар во Јужен Делхи , претежно станбена област популарна кај студенти и млади професионалци. Досега се спасени најмалку 40 лица , соопшти полицијата. Телевизиските










