Трамп: Би сакал да ја земам нафтата во Иран, а можеме многу лесно да го земеме и островот Харг
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT) објавено во неделата дека сака да „ја преземе нафтата во Иран“ и дека американските сили би можеле да го заземат островот Харг, центар за извоз на иранска нафта, објавија Ројтерс и Би-Би-Си. „Да бидам искрен, мојата омилена работа би била да ја земам нафтата во Иран,








