ДПИ со засилени контроли на пазарот со вештачки ѓубрива – Дурмиши: Инфлацијата е во рамки на нормалното, за мерки се чека статистика
Ќе се чекаат податоците на Државниот завод за статистика за инфлацијата во април, кои се објавуваат во првата половина на мај, па дури потоа ќе се излезе со конкретни мерки што ќе се преземе за цените на храната. Министерот за економија Бесир Дурмиши вели инфлацијата е во рамки на нормалното и имаме една од најниските стапки на инфлација во регионот










