Автобус со 85 патници, меѓу кои деца, фатен во Скопје – 37 повеќе од дозволеното, утврдени и технички неисправности
Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници










