18-годишен делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра – парите и документите ги предал во полиција
Осумнаесетгодишен жител на Делчево пронашол лични документи и поголема сума пари на улица и веднаш ги предал во полиција, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот се случил на 24 октомври, кога младиот делчевец на булеварот „Македонија“ пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра










