Женската репрезентација со прв собир во Скопје пред големиот европски предизвик
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска во Скопје го одржа првиот собир во пресрет на Европското првенство 2026 година. Најдобрите македонски ракометарки се собраа во хотелот „Three Corner“, со што официјално започна подготвителниот период за претстојните репрезентативни предизвици и настапот на континенталниот шампионат.




