Трагедија кај Пехчево: 66-годишен маж загина откако со трактор излета од патот
Шеесет и шестгодишен маж од пехчевското село Црник загинал откако со трактор со приколка излетал од патот во атарот на Пехчево. Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена вчера (21 октомври) во 21:30 часот, а се случила на некатегоризиран пат, на местото викано „Мушкови чешми“. Тракторот со пехчевски регистарски ознаки го управувал М.П.









