Смртна несреќа на градилиште: Работник починал по пад од зграда
Градежен работник од Дебар загина вчера околу пладне откако падна од зграда на која работел на улица Братство и Единство. Итната медицинска помош беше повикана на местото на несреќата и се обиде да го пренесе 40-годишниот С.К. во болница, но тој починал на пат кон здравствената установа.









