Реал Мадрид на колена во финалето на Копа дел реј
Кошаркарите на Уникаха приредија изненадување во финалето на Копа дел реј, откако во големото финале славеа над Реал Мадрид со 93-79. „Кралевите“ цела сезона имаат осцилации во формата, вечерва повторно одиграа под своите можности, а мотивираниот тим на Уникаха знаеше како да го искористи тоа и да стигне до третиот куп-трофеј во клупската историја