Ѓорѓиевски: Кисела Вода секој ден сѐ поубава, модерна и зелена
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека општината продолжува со интензивни активности за подобрување на урбаната слика и квалитетот на живот за своите жители. Во фокусот на последните проекти се обновата и изградбата на нови детски катчиња, како и поставување урбана опрема и хортикултурно уредување на јавните простори.