Супер Хоџа со два гола ја реши Црна Гора
Македонската репрезентација до 18. години на чело со селекторот Димитар Капинковски денеска во Струмица, на комплексот на Брера го одигра првиот од двата пријателски мечеви со соодветната селекција на Црна Гора. Нашиот национален тим победи со 2:1, со двата гола на Дитмир Хоџа во првото полувреме. Гостите изедначија во последните моменти од мечот.


