Почна судењето: мајката на Ивана зборуваше за насилството во домот, судот не го прифати признанието на обвинетиот
Во Кривичниот суд почна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел сопругата Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната малолетна ќерка. На денешното рочиште сведочеше мајката на Ивана, која пред судот опиша долг период на нарушени односи во бракот и, како што посочи, страв и притисок кај нејзината










