Се бара притвор за кумановец кој со клоци и тупаници ја тепал сопругата
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил неговата сопруга










