Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска триумфираа над Топ Гол со 8-0 и стекнаа недостижна предност на три кола до крајот на сезоната. Со вчерашната победа ЖФК Скопје 2014 има 15 бодови повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера со што математички ја потврдија првата позиција.




