Пет лица ограбиле 15-годишник среде бел ден во Центар - еден од нив му се заканил со нож, а друг го натепал
15-годишник вчера среде бел ден ограбен од пет лица во скопски Центар. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (17.11.2025) во 20:15 часот во СВР Скопје, Т.Д.(35) од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари


