Џејлен Браун се сели во Филаделфија
Бостон Селтикс и Филаделфија ја договорија најголемата размена на кошаркари во летниот преоден рок. Како што објави „ESPN“, повикувајќи се на свои извори, Џејлен Браун ќе ја продолжи кариерата во Филаделфија, додека Пол Џорџ ќе се пресели во Бостон. Покрај Џорџ, Селтикс ќе добијат и два пика од првата рунда, како и два пика од втората рунда на драфтот







