Хозе Мариа Берокал е нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија
Кошаркарската федерација на Република Македонија ја информира јавноста дека Управниот одбор на Федерацијата донесе одлука за именување на г. Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Г. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година







