Реал Мадрид како брз воз ја прешиша Валенсија и ќе игра во финалето на Евролигата
Реал Мадрид ќе игра против Олимпијакос во финалето на кошаркарската Евролига. Кралскиот клуб вечерва во шпанската пресметка славеше над Валенсија со 105:90 и ќе игра уште едно финале во обид повторно да стигне до континенталниот трон. Реал подобро го започна мечот и поведе со 13:6. Сепак, до крајот од првата четвртина Валенсија беше во водство од 28:26










