Лишено од слобода лице од тетовско осомничено за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
Денеска во 09:10 часот во с. Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни










