Конечно убава вест од Прилеп: Победа ИГРА!
И дефинитивно и конечно убава вест од Прилеп. Сега веќе нема дилеми. Победа ИГРА! Имено мечот со Новаци од 16.коло во ВМФЛ започна на Градскиот стадион под “Маркови Кули“, а тоа значи дека во Победа се изнајде решение и дека нема да има згаснување на клубот, како што беше најавено минатата недела. Тоа беше вест која просто ја шокираше фудбалска Македонија

