Британија тврди: Навални убиен со токсин од отровна жаба
Нова дипломатска бурa се крена откако Велика Британија и уште четири европски држави соопштија дека Алексеј Навални бил убиен со епибатидин , токсин поврзан со отровни жаби. Според заедничката изјава на Велика Британија , Франција , Германија , Шведска и Холандија , анализите на примероци поврзани со Навални „конклузивно“ потврдиле присуство на епибатидин










