Алкалоид го засили ростерот со Филип Николов, репрезентативците повторно во погон пред стартот на Суперлигата
Ракометниот клуб Алкалоид официјално го претстави новото засилување во своите редови – Филип Николов (26), кој ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десен бек и ќе донесе дополнителен квалитет во играта во двата правци. Николов во Алкалоид пристигнува по неколку сезони минати во РК Бутел Скопје, каде што се наметна како стабилен и борбен ракометар



