Петтото издание на фото фестивалот „Зрно“ ќе се одржи од 9 до 15 септември во Отешево
Петтото издание на фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“ ќе се одржи од 9 до 15 септември во Отешево, каде ќе собере фотографи и автори од Македонија и од повеќе европски земји. Фестивалот е посветен на алтернативните фотографски процеси, експериментот, природата и слободниот пристап кон фотографијата. На годинашните работилници ќе учествуваат










