Јанкуловски: Убеден сум дека ќе успееме да реализираме 3,7% економски раст
Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во емисијата Бизнис 21 изјави дека е оптимист за реализација на економскиот раст од 3,7% до крајот на годината. „Светската банка изненади со проекцијата, но минатата година имаа 2,1%, па потоа стигнавме 2,8%, и се надевам дека и сега ќе има корекција, и ќе стигнат до нашата проекција“, рече Јанкуловски