Македонија против домаќинот Словачка на отворањето на Европското првенство
Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години од Дивизијата „Б“, кое од 10 до 19 јули се одржува во Братислава. Македонската селекција ќе се натпреварува во групата „А“, заедно со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка. Избраниците на селекторот

