„Филхармонија: On air“ со кларинетистот Васко Дуковски
По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, каде вечер во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина. На програмата се суитата „Музички вечери“ од Бенџамин Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар






